Во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Македонија на 336 лица им се издадени решенија за изолација, а 175 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што евидентирани се четири лица кои не ја почитувале мерката за изолација, соопштија денеска од МВР.

По однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 633 прекршоци.

Во таа насока, од страна на полициските службеници досега констатирани се вкупно 16127 прекршоци за неносење лична заштита, објави на неговиот ФБ профил министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

Во координација со Државниот пазарен инспекторат во текот на изминатото деноноќи извршени се 337 контроли во објекти при што евидентиран еден објект коj не ги почитувал одлуките на Владата.

Во државен карантин, пишуцва Чулев, се спроведени вкупно 60 лица.

Тој уште еднаш апелира до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот и сите заеднички да придонесеме што побрзо животот да биде вратен во нормала.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2020 13:00