Кавадарчанец синоќа пријавил во полиција дека сограѓанин му го нападнал внукот.

Како што соопшти денеска портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски, Ќ.М.(68) вчера вечер во 19:30 часот во ОВР Кавадарци пријавил дека претходниот ден, на 15 јуни, околу 20.00 часот кај спортската сала во градот, С.К.(58) од Кавадарци, физички го нападнал неговиот десетгодишен внук.

Според Додевски, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2020 13:39