Шефот на српската дипломатија, Ивица Дачиќ, по повод утрешната посета на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, изјави дека „мисли да Русија ќе го поддржи секое решение што е во интерес на Србија.“

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Дачиќ за ТВ Прва кажа дека ка Русите постои пракса да подготват заедничка изјава на министрите што се објавува во весниците во двете држави и дека „смета дека Лавров му предложил текст во кој се вели дека Русија ќе поддржи се што сака Србија“.

Дачиќ оцени дека Белград е подготвен да го продолжи дијалогот со Приштина, но дека „решението воопшто не е на повидок“.

-Ние се обидовме да дадеме некои предлози, но тие предлози претежно беа одбивани, ниту за тоа досега беше официјално дискутирано. Оние што го организираат дијалогот мора да бидат свесни дека Србија сигурно нема да прифати да мора да го признае Косово – и го завршивме дијалогот, изјави Дачиќ.

Специјалниот претставник на Белата куќа за преговорите меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел, на Твитер објави дека претставниците на двете страни ќе се сретнат на 27 јуни во Белата куќа во Вашингтон.

За средбата се огласи и советникот за национална безбедност на претседателот на САД Доналд Трамп, О’Брајан кој кажа дека му драго што ќе може да ги угости лидерите на Србија и на Косово во Белата куќа.

Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека нема да има разговори за поделба на Косово, додека српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли разговорите за признавање на независноста на Косово.

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ рече дека Белград прифаќа разговори со компромисни предлози. Тој кажа дека „има огромен број на иницијативи и состаноци и осека на некои предлози“.

-Ќе видием дали тоа повеќе ќе бидат состаноци заради среќавање или да се види дека дијалогот е вратен од некаква клиничка смрт, оцени Дачиќ.

Во пресрет на разговорите во Вашингтон, срспкиот претседател Александар Вучиќ на 24 јуни патува за Москва, на парада по повод Денот на победата, каде, како што беше највено, ќе има средба со рускиот претседател Владимир Путин, со кој ќе разговара и за косовското прашање.

Во нивниот телефонски разговор пред два дена, Путин порача дека „ниту една одлука за Косово не може да се донесе без согласност на Советот за безбедност на ОН“.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2020 20:21