Американската Амбасада во Тирана преку Твитер објави дека САД и доделиле на Албанија дополнителни 346.000 американски долари за да помогнат во справувањето со пандемијата со Ковид – 19.

Станува збор за средства кои САД ги доделуваат во рамки на „Flag of United States” кои се во вкупен износ од 11 милиони американски долари, а се наманети за борба против опасниот вирус ширум светот.

„Владата на САД, преку УСАИД Албанија обезбеди дополнителни средства во износ од 346.000 американски долари за да и помогне во борбата против пандемијата. Овие средства претходно беа објавени како дел од заложбата на Владата на Соединетите држави во борбата против Ковид-19 ширум светот, во вкупен износ од 11 милиони американски долари се наведува во објавата на Твитер на американската амбасада во Тирана.

Во средината на минатиот месец за истата цел, САД на Албанија и додели дополнителни финансиски средства во износ 900.000 долари.

Со тоа вкупната американска помош за Албанија, за справувањето со пандемијата,како што тогаш информираше амбасадата, достигнала два милиони долари, намети за лаборатории, техничка помош, за истражување случаи.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 00:30