Најмалку 3.000 деца биле жртви на сексуална злоупотреба во француската Католичка црква од 1950 година, соопшти посебна комисија, при тоа нагласувајќи оти можно е реалниот број да биде многу поголем.

Претседателот на Комисијата, Жан-Марк Саув, изјава дека прелиминарните бројки сугерираат дека околу 1.500 свештеници и други црковни службеници сексуално злоупотребиле деца.

Комисијата беше формирана минатиот јуни на барање на француските владици по серија случаи на педофилија што ја потресе Црквата во Франција и во странство.

На линија за жртви беа пријавени 5.300 повици во текот на изминатата година, изјави Саув преку видео-конференција.

Бројот на проценети жртви претставува повеќе од 40 случаи годишно во просек во последните седум децении.

– Длабоко сум убеден дека има многу повеќе жртви, рече Саув.

Повикот за сведоци е продолжен до 31 октомври и истрагата на црковните архиви продолжи откако беше суспендирана за време пандемијата со новиот коронавирус.

Комисијата предводена од Саув, висок државен службеник, вклучува правни експерти, доктори, историчари, социолози и теолози.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 01:05