СВР-Штип регистрира две дрски кражби, една во Штип, а втората е во кочанското комунално претпријатие.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова информира дека 81 годишната Р.Ј. од Штип вчера попладнето пријавила како едно лице со употреба на сила ја отворил влезната врата од нејзината куќа на улицата „Личка“ во Штип, влегол внатре, ја турнал, по што и одзел златен накит и побегнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Полициската станица Кочани, вработен во Јавното комунално претпријатие „Водовод“ Кочани пријавил дека ноќта непознат сторител со употреба на сила и подесен алат влегол во барака „Зеленило“ на улица „Никола Карев“ во Кочани, сопственост на ЈП „Водовод“, при што одзел пет моторни косачки и една моторна пила. Панајотова вели дека се работи на расчистување и на овој случај.