Нови привремени членки на Советот за безбедност на ОН од ноќеска се Индија, Мексико, Ирска и Норвешка, соопшти на својот Твитер налог светската организација.

Новоизбраните членки ќе бидат дел од Советот за безбедност во следните две години.

Вториот круг на гласање за петтиот привремен член на УНСЦ ќе се одржи утре, е соопштено на Твитерот на ОН.

Покрај петте постојани членки на Советот за безбедност: Велика Британија, Кина, Русија, САД и Франција, УНСК има уште десет привремени членки со двегодишен мандат.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 10:38