Цените на нафтата денеска паднаа на азиските берзи поради загриженоста дека порастот на нови случаи на коронавирус во Кина и САД би можел да го запре закрепнувањето на побарувачката на гориво, и покрај олеснувањето на мерките за ограничување на движењето на луѓето.

Цената на фјучерсите за нафтата „брент“ од Северното Море падна за 22 центи, или 0,5 проценти, на 40,49 американски долари за барел во утринското тргување, откако во претходната трговска сесија падна за 25 центи.

Американската „лесна“ н афта WTI утрово се тргуваше за тргуваше со пад од 1,0 процент, или за 38 центи, на ниво од 37,58 американски долари за барел со што го продолжи надолниот тренд, откако синоќа падна за 42 центи.

Загриженоста за побарувачката на гориво се зголеми откако се појавија извештаи за пораст на бројот на заразени со коронавирусот во Кина, поради што Пекинг ги прекинва летовите и ги затвори училиштата, а неколку американски држави, вклучувајќи ги Тексас, Флорида и Калифорнија, пријавија нагло зголемување на новозаразени.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 12:45