Иран денеска соопшти дека нивната морнарица успешно истрела нова, локално произведена, крстосувачка ракета за време на воените вежби во северниот дел на Индискиот Океан, во близина на влезот во Персискиот Залив.

За време на вежбите, ракетите со краток и долг дострел успешно беа истрелани од брегот и од палубите на бродовите, погодувајќи цели со голема прецизност, објави иранската новинска агенција Тасним.

Како што наведува, новата генерација крстосувачки ракети, со дострел од 280 километри, била тестирана за време на вежбите на иранската морнарица во Оманскиот Залив.

Пробното лансирање е во време кога Соединетите Американски Држави бараат да се продолжи ембаргото на ООН за оружје кон Иран, кое треба да истече во октомври во согласност со нуклеарниот договор меѓу Техеран и светските сили, од кој Вашингтон се повлече.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 13:00