Првиот, сега поранешен, претседател на Казахстан, Нурсултан Назарбаев (79), е позитивен на Ковид-19 и се наоѓа во самоизолација, објавено е денеска на неговата официјална веб-страница.

„Елбаси (таткото на нацијата) е позитивен за вирусот на корона. Нема причина да се грижите. Нурсултан Назарбаев ќе продолжи да работи од дома”, објавено е на веб-страницата, пренесува ТАСС.

Во Казахстан досега 15.877 лица се инфицирани со коронавирусот, а 100 луѓе починаа.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 14:06