Основното јавно обвинителство Велес до судот денеска поднесе предлози за издавање на казни од по 800 евра за две лица кои го прекршиле полицискиот час.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката на Владата на Република Северна Македонија со која се забранува движење на населението на територијата на државата, а со цел спречување и сузбивање на заразната болест предизвикана од коронавирусот. Со тоа, обвинетите во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Судот, на обвинетите да им изрече парични казни во висина од по 40 дневни глоби во износ од по 20 евра, односно по вкупно 800 евра во денарска противвредност.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2020 16:12