ЕУ ги обнови на уште една година санкциите воведени како одговор на незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација.
Советот на ЕУ потсетува дека рестриктивните мерки се однесуваат на забраната за увоз на производи со потекло од Крим или Севастопол во ЕУ, но и забрана за инфраструктурни или финансиски инвестиции и туристички услуги на Крим или Севастопол.
ЕУ, исто така, го ограничи извозот на одредени стоки и технологии на кримските компании или за употреба на Крим во секторите транспорт, телекомуникации и енергетика, вклучително и истражување и производство на нафта, гас и минерални суровини.
Брисел потенцира дека ЕУ сè уште не ја признава незаконската анексија на Крим и Севастопол од страна на Руската Федерација и продолжува да го осудува ова „кршење на меѓународните закони“.