Кандидатот за претседател на Белорусија, поранешен началник на „Балгазпромбанк“, Виктор Бабарико, е приведен. Според Иван Тертел, претседател на Комитетот за државна контрола во Белорусија, Бабрико е приведен бидејќи се обидел да влијае врз сведоци и криење докази.

– Бабарико беше приведен затоа што е директен организатор, водач на нелегални активности, обидувајќи се да влијае врз сведоците, криеше траги од претходни криминали и буквално следниот ден да отстрани голема сума пари од сметките контролирани од него, рече Тертел.

Бабарико се смета за главен противкандидат на актуелниот белоруски претседатл Александар Лукашенко.

Според Тертел, можно е да биле поставени шеми за перење пари преку кои се канализирале големи количини на валута кон контролирани странски банки. Една од тие структури е латвиската банка АБЛВ каде според неогви тврдења повеќе од 430 милиони американски долари се повлечени од сметките на„ Белгазпромпбанк во последните неколку години во интерес на таа банка.

Бабарико и неговиот син Едуард утрото биле однесени во Дирекцијата за финансиски истраги на Комисијата за државна контрола. Во меѓувреме, беше извршен претрес на домот на Бабарико.

Кандидатот за претседател беше сослушан во врска со неплаќање данок и легализација на нелегално добиените приходи во рамките на истрагата за активностите на „Белгазпромбанк“. На 17 јуни смтката на Бабарико во која се донации за изборите беше блокирана, а париуте од неа запленети.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 00:16