Косовскиот премиер Авдулах Хоти, за време на состанокот со амбасадорите на земјите членки на ЕУ во Косово, изјави дека основните принципи на платформата на Приштина за дијалог со Белград е дека не може да се преговара за територијалниот интегритет, суверенитет и внатрешното уредување на земјата.

Хоти ги информирал амбасадорите за мерките кои ги презема косовската Влада околу економското заздравување од последиците предизвикани со пандемијата на коронавирусот и ја претстави владината платформа за дијалогот со Србија.

– Договорот мора да биде согласно Уставот на Косово, нагласи Хоти, додавајќи дека Владата има пристап кон дијалогот, каде главна цел во целиот овој процес е меѓусебното признавање на двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 01:16