САД понудиле награда од по 10 милиони долари за информации кои ќе овозможат апсење на двајца поранешни лидери на колумбиската бунтовничка група ФАРК.

Саухис Хернандес и Лусијано Марин, познати по своите герилски прекари Хесус Сантрич и Иван Маркес, првично ги поддржале мировните преговори во 2016 година меѓу колумбиската влада и ФАРК, но подоцна го отфрлиле договорот.

Двајцата „имаат долгогодишно минато со вмешаност во шверцот со дрога, што доведе до покренување кривични пријави против нив“, соопшти Стејт департментот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 01:18