Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Т.Г.(36) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Пријавената од 11.06.2020 до 13.06.2020 во повеќе наврати го напуштила домот каде требало да биде под здравствен надзор и домашна изолација за кое и било издадено решение од ДСЗИ, ПЕ Кочани.
На 13.06.2020 на ул,,Т.Паунов“ била затекната во возило „пасат“ и при прегледот кај неа била пронајдена бела прашкаста материја и три куршуми-малокалибарска муниција.
Таа била под дејство на алкохол и лишена била од слобода по што била однесена во домот на нејзината тетка каде била обезбедувана од полициски службеници од Полициската станица Кочани се до нејзиното сместување во задолжителен државен карантин.