Коментарите на украинскиот претседател Владимир Зеленски за наводната вмешаност на Советскиот Сојуз во почетокот на Втората светска војна, имаат негативно влијание врз односите меѓу Москва и Киев, како и на самиот украински лидер, изјави рускиот претседател Владимир Путин во документарниот филм што наскоро ќе треба да се прикаже.

Рускиот претседател кажа дека коментарите на Зеленски „негативно ќе влијаат“ врз билатералните односи, објави Тасс.

-Мислам дека не е добро за самиот Зеленски, бидејќи Украина претрпе голема штета за време на Втората светска војна, рече Путин.

За време на посетата на Полска во јануари оваа година, Зеленски го обвини СССР за почнување на Втората светска војна, заедно со нацистичка Германија. Според украинскиот претседател, Полска и полскиот народ биле први погодени од „заговорот на тоталитарните режими“, што довело до појава на војната.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 10:53