Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер потврди дека Фил Џонс и Аксел Туанзебе се единствените играчи кои имаат проблеми пред вечерашниот судир против Тотенхем. „Црвените ѓаволи“ ја продолжуваат својата кампања во Премиер лигата со посета на Северен Лондон.

Сепак, Пол Погба и Маркус Рашфорд целосно закрепнаа, што е одлична вест за Норвежанецот.

– Имаме двајца играчи – Фил Џонс и Аксел Туанзебе – кои ќе го пропуштат овој дуел [против Тотенхем]. Остатокот од тимот е без проблеми, рече Солскјаер.

Ова го остава норвешкиот стратег со Ерик Баи, Виктор Линделоф и Хари Мегваер како опции за дефанзивата пред судирот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 11:09