Индиските воено-воздухопловни сили (ВСС) планираат од Русија да купат 21 суперсоничен борбен авион, ловец „МиГ-29“, посочи „Економски Тајмс“, повикувајќи се на воени извори.

„Индиските воено-воздухопловни сили имаат намера да набават 21 руски борбен ловец „МиГ-29“, вклучувајќи и два за обука и тренинг, за да ги заменат старите „МиГ-21“, што во текот на следните пет години ќе бидат целосно напуштени од употреба, наведува воениот извор.

„Обезбедувањето на новите „МиГ-29“ е неопходно за зајакнување на борбените способности на воената авијација на земјата“, додава весникот.

Испораките на „МиГ-29“ може да почнат за две години по потпишувањето на договорот со Русија, наведува изворот на весникот.

Индиските воено-воздухопловни сили, исто така, планираат да го нарачаат производството на борбените повеќецевни авиони „Су-30 МКИ“, што се склопуваат во погоните на „Хиндустан аеронаутика“ во градот Насик, каде се произведува овој тип на авиони под руска лиценца.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 12:01