Осуммина милитанти се убиени во одделни престрелки за време на офанзивата на безбедносните сили против бунтовниците во индискиот дел на Кашмир, соопштија денеска властите, пренесува ДПА.
Заеднички полициски и армиски тимови вчера почнаа операции во областа Шопијан и Пампоре, откако добија разузнавачки информации за присуство на милитанти.
Петмина милитанти се убиени во Шопијан, тројца во Пампоре во текот на 24-часовниот период до петок наутро, изјави портпаролот на одбраната, полковник Рајеш Калија, додавајќи дека операциите продолжуваат.