Основното јавно обвинителство Дебар поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица кои го прекршиле полицискиот час во Дебар.
– Обвинетитe, непочитувајќи ја Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Македонија, за време на полицискиот час се движеле низ Дебар, стои во соопштението од ОЈО.
За сите обвинети, обвинителството со доставените предлози побара од Судот да им изрече парични казни во висина од по 10 до 100 дневни глоби.
Лицата се товарат дека го сториле кривичното дело – „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.