Премиерот на Индија, Нарендра Моди ја пофали јогата како метод за зајакнување на имунолошкиот „заштитен оклоп“ против коронавирусот, додека неговата земја се бори со распространетиот Ковид-19.
Моди, познат по тоа што редовно ја практикува оваа древна индиска техника, им ја препорача преку Јутјуб на своите сограѓани пред Светскиот ден на јогата, кој се одбележува в недела.
– Никаде во светот засега не е откриена вакцина против Ковид-19, рече Моди
– Поради тоа, само силен имунолошки систем може да биде заштитен оклоп или чувар за нас и членовите на нашето семејство … Јогата е наш сигурен пријател во градењето на тој заштитен оклоп, додаде тој.
Индиски лидер, вегетаријанец и голем противник на алкохол, го основаше Министерството за јога, ајурведа и други методи на традиционално лекување кога дојде на власт во 2014 година.