Словенечкото Собрание изгласа Закон со кој 23 септември ќе се одбележува како Ден на спорот и ќе претставува нов државен празник, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Овој празник се изгласа по минатогодишната иницијатива на Олимпискиот комитет на Словенија, а целта е да се потенцира важноста на спортот и физичкото образование за граѓаните.

Дел од пратениците првично предложија 5 февруари како датум кога ќе се празнува Денот на спортот, но подоцна беше договорено и изгласано тоа да биде 23 септември. Датумот е одбран бидејќи на тој ден 2000 година за прв пат се интонираше словенечката химна на едни олимписки игри, откако веслачкото дуо Изток Шоп и Лука Шпик освоија златен медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 13:02