Синот на поранешниот советски лидер, првиот секретар на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз Никита Хрушчов, Сергеј Хрушчев, почина на 85-годишна возраст во САД.

Оваа вест ја објави неговиот пријател Хари Пауерс, а потоа ја потврди и неговата внука Нина.

Сергеј Хрушчов во Советскиот Сојуз работел како инженер на вселенски системи, поради што во 1963 година го добил Орденот за херој на труд.

Сепак, Хрушчов емигрирал во САД во текот на 90-тите години, а во 1999 година добил американско државјанство.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 13:28