Основното јавно обвинителство Скопје до надлежен суд поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против 30 лица за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија и за време на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

За сите нив надлежен јавен обвинител предложи парични казни од по 100 дневни глоби, при што поединечната вредност на дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите лица се осомничени за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 13:33