Нема потреба САД повторно да се затвораат иако не се намалува бројот на заразени, изјави водечкиот американски инфектолог Ентони Фаучи.

-Треба да разговараме за тоа како подобро да ги контролираме деловите од земјата каде што се зголеми бројот на заразени со коронавирусот, кажа Фаучи.

САД се први во светот според број на заболени и умрени, поточно над 2,2 милиона инфектирани и речиси 120.000 смртни случаи.

Иако поранешните епицентри на инфекцијата Њујорк и Њу Џерси успеаја да го запрат неконтролираното ширење на инфекцијата, во 20 други сојузни држави бројката на заразени повторно расте.

Според „Гласот на Америка“, Фаучи истакнал дека одлуките што ќе се носат на локално ниво ќе бидат важни кога целата земја ќе се врати во нормала, а едно од клучните прашања ќе биде отворањето на училиштата.

Водечкиот американски инфектолог вели дека е загрижен што граѓаните не ги слушаат препораките на владата за задолжително носење маски.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 14:28