Рестораните во Њујорк, во рамки на втората фаза од олеснувањето на рестриктивните мерки воведени поради коронавирусот, од понеделник ќе можат да ги служат гостите на отворено, најави градоначалникот Бил де Бласио.

– Мораме да ја спасиме таа индустрија, таа е дел од нашиот идентитет, рече Де Бласио, проценувајќи дека 5.000 ресторани и вкупно 45.000 вработени повторно ќе почнат со работа од следната недела.

Градоначалникот рече дека во втората фаза ќе бидат отворени канцелариите, фризерските салони, малопродажните објекти и игралиштата во јавните паркови, со што меѓу 150.000 и 300.000 луѓе треба да се вратат на своите работни места.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 14:54