Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави денеска дека е осуетен странски заговор со цел дестабилизирање на државата во пресрет на претседателските избори закажани за 9 август, еден ден откако апсењето на неговиот главен политички ривал предизвика протести во земјата.

– Постоел голем план да се поттикне револуција слична на уличните протести на Мајдан во Украина во 2014 година, истакна Лукашенко.

Тој нагласи дека политичките сили и од Запад и од Исток ги фокусирале своите интереси на Белорусија, а одредени сили ги интензивирале своите напори.

– Тоа беше целта. Маските им паднаа не само на домашните марионети, туку и на оние кои се надвор од Белорусија, додаде белорускиот претседател.

Виктор Барабико, главниот политички противник на Лукашенко, вчера беше уапсен и обвинет за извлекување над 380 милиони долари од земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 15:52