Од пуштањето во промет во вторникот до денеска, 9,6 милиони германски граѓани ја инсталирале апликација за следење и предупредување на коронавирусот на своите паметни телефони, соопшти германската Влада.

– Германската влада се радува поради големиот интерес на граѓаните за овој механизам за борба против ширењето на вирусот, изјави денеска Улрике Демер, една од портпаролите на Владата во Берлин.

Апликацијата беше претставена во вторникот и во промет ја пушти Владата и државниот епидемиолошки институт Роберт Кох. Апликацијата ги следи движењата на корисникот и дополнително го известува ако корисникот бил во близина на заразено лице.

Апликацијата во Германија се користи на доброволна основа. Институтот Роберт Кох преку Твитер нагласи дека „секој нов корисник придонесува за ефикасноста на апликацијата“.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 15:53