Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје денеска поднесе предлог за издавање казнен налог против едно физичко и едно правно лице заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи“.

Јавниот обвинител му предложи на судот да изрече парична казна од 100 дневни глоби од по 20 евра во денарска противвредност на физичкото лице, како и казна од 100.000 денари за обвинетото правно лице.​

Обвинетото физичко лице, како што соопшти Јавното обвинителство, во својство на управител на правниот субјект – хотел, не постапил согласно законските прописи за спречување на ширењето на заразната болест КОВИД-19 и овозможил хотелско сместување на лице од Дебар, спротивно на одлуките и наредбите со кои сите угостителски објекти се затворени за гости.

– При вонреден инспекциски надзор од Државниот пазарен инспекторат било констатирано прекршувањето на здравствените прописи, се вели во соопштението.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 16:00