Претседателот на Јужна Кореја Мун Џае-ин денеска ја прифати оставката на министерот надлежен за односи со Северна Кореја, што ја поднесе откако Пјонгјанг ја уништи канцеларијата за врски во граничната област.

Ким Јеон -Чул беше назначен за министер за обединување во април минатата година, кога преговорите меѓу САД и Северна Кореја почнаа да наидуваат на потешкотии, а должноста ја напушта пред да оствари било каква средба со претставници на Пјонгјанг.

Тој рече дека оставката ја поднесува поради тензиите меѓу двете земји.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 23:40