Глобалната пандемија на новиот коронавирус се забрзува, при вчера беа регистрирани 150.000 нови случаи – најмногу во еден ден, изјави денеска генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус.

– Речиси половина од пријавените случаи се од американскиот континент, рече тој на виртуелен брифинг.

– Светот е во нова и опасна фаза… вирусот се уште се шири брзо, тој се уште е смртоносен и повеќето луѓе се уште се подложни на заразување, истакна Тедрос.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2020 23:50