Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека сите земји членки на ЕУ се подготвени да сторат сé што е можно за до крајот на годината да се постигне договор за единствено партнерство со Велика Британија.

– Никој не може да каже каде ќе бидат овие преговори на крајот на годината, но знам дека ќе сториме сé што можеме за да постигнеме договор и да обезбедиме добар почеток во односите со Велика Британија како трета земја и сосед, рече фон дер Лајен.

За време на видео-конференцијата на лидерите на ЕУ 27, претседателката на Европската комисија и претседателот на Европскиот совет ги известија лидерите на земјите членки за напредокот во разговорите за идните односи со Лондон.

Беше нагласено дека се работи за да се премостат разликите кои се уште постојат во однос на воспоставување на исти услови за ЕУ ​​и Велика Британија во областа на риболовот, администрацијата и соработка на полицијата и судството.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 00:19