Кина оцени дека „несоодветните“ изјави на комесарката на ООН за човекови права Мишел Башеле за законот за национална безбедност во Хонг Конг претставуваат „грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи на Кина“.

Башеле вчера изјави дека новиот кинески закон за Хонг Конг „мора да биде во целосна согласност со обврските на Кина кога станува збор за почитување на човековите права“ и меѓународните договори за заштита на граѓанските и политичките слободи.

„Овие изјави се грубо мешање во суверенитетот и внатрешните работи и ги кршат целите и принципите на Повелбата на ООН, поради што Кина изразува силно незадоволство и остро спротивставување“, се вели во соопштението на кинеската мисија во ООН во Женева.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 10:59