За мерката неносење лична заштита на лице во изминатото деноноќие се регистрирани 659 прекршоци, а на 366 лица им се издадени решенија за изолација, додека 261 лице потпишало изјава за самоизолација, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека едно лице не ја почитувало мерката за изолација, а три лица не ја почитувале мерката за самоизолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 12:36