Европскиот парламент, со големо мнозинство, усвои резолуција во која се наведува дека ЕУ мора да ја тужи Кина пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг, доколку официјален Пекинг го наметне новиот закон за безбедност на Хонг Конг.

Владите на земјите членки на ЕУ веќе изразија „длабока загриженост“ за најавениот нов закон, за кој дипломати, активисти и деловни кругови велат дека го загрозува полу-автономниот статус на Хонг Конг и неговата улога во светската економија.

ЕУ, САД и Австралија се согласуваат дека новиот закон за безбедност во Хонг Конг ќе го обесмисли принципот „една земја, два система“, а со кој се дефинира автономијата на Хонг Конг.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 13:57