Американскиот Стејт департмент соопшти дека најмалку 20 лица биле заразени со коронавирусот во Амбасадата на САД во Кабул.

Меѓу заразените членови на американската дипломатска мисија во авганистанскиот главен град има дипломати, државни службеници, работници по договор и локален персонал.

– Амбасадата ги презеде сите соодветни мерки за да спречи понатамошно ширење на коронавирусот, соопшти Стејт департментот.

Според официјални претставници на американската Амбасада, сите заразени се во изолација.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 15:02