Австрија размислува повторно да воведе контрола на границата со цел спречување на ширењето на коронавирусот, јави дописникот на МИА.

Ова го најави министерот за надворешни работи Александер Шаленберг, а според него тоа би се направило само доколку продолжи да се зголемува бројот на новозаразени со вирусот.

– Тоа што воспоставивме „зелен појас“ со цел граѓаните непречено да ја минуваат границата не значи дека не ја следиме ситуацијата. Доколку се покаже дека има потреба, секако повторно ќе воведеме контролни мерки, изјави Шаленберг за Австриската информативна агенција (АПА).

Инаку, Австрија веќе ги отвори своите граници за 31 европска држава.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 15:11