Специјалниот претставник на претседателот на САД, Маршал Билингсли, идната недела во Австрија ќе се сретне со Сергеј Рјабков, руски заменик министер за надворешни работи, откако биле „заемно одобрени темите поврзани со иднината на контролата на оружјето“.

Како што синоќа соопштија од Стејт департментот, САД на средбата ја поканиле и Кина.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, повеќе пати досега ја повика Кина да се вклучи во американско-руските преговори за нов договор кој треба да го замени Стратегискиот договор за намалување на оружјето (СТАРТ или СНВ-3) кој истекува во февруари 2021 година.

Кина засега го одбива предлогот на Трамп.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:09