Во Европа досега се регистрирани повеќе од 2,5 милиони случаи на коронавирус, од кои повеќе од половина се во Русија, Велика Британија, Шпанија и Италија.

Во Европа со коронавирусот се заразени вкупно 2.500.091 луѓе, а починале 192.158 лица. Русија е европска земја со најголем број случаи – 576.952 и 8.002 жртви од Ковид-19.

Европа се уште е најпогодениот континент од пандемијата на Ковид-19, иако вирусот неодамна многу брзо се рашири во земјите од Латинска Америка.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:21