Италијански нуркачи пронашле остатоци од брод од периодот на ренесансата, на длабочина од околу 50 метри во близина на брегот на Лигурија, кај Портофино во близина на Џенова.

Италијанските медиуми ја опишаа веста како многу важна, бидејќи за првпат е пронајден потонат брод од тој период.

Експертите работат на идентификација на бродот, но претпоставуваат дека станува збор за бродот „Санто спирито“ од 16 век.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:23