Москва денеска ја погоди силно невреме, проследено со обилни врнежи од дожд и град, а во сила е портокалов метео-аларм.

Жителите на Москва на социјалните мрежи објавија снимки и фотографии на кои се гледаат автомобили кои пливаат по улиците како чамци.

Центарот за контрола на сообраќајот во Москва објави на Твитер дека се поплавени неколку автомобили на една од улиците во главниот град, како и дека сообраќајот во улицата е целосно во прекин.

Некои подземни премини се целосно потопени.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2020 22:30