Сепаратистичките сили активни во јужниот дел на Јемен ја презедоа контролата врз островот Сокотра во Арапското Море, го сменија од власт гувернерот на островот и ги протераа јеменските владини трупи.

Организацијата наречена Јужен преоден совет во април објави дека ја презела власта во јужниот дел на земјата, што ги комплицираше напорите на Обединетите нации за постигнување траен прекин на огнот во војна во која сепаратистите и јеменската Влада се формални сојузници во рамките на коалицијата предводена од Саудиска Арабија која се бори против бунтовничката група Хути, која го контролира северниот дел на земјата.

Јеменската Влада го осуди овој потег на сепаратистите во Сокотра, го нарече преврат, и ги обвини сепаратистичките сили за напад на владини објекти „на гангстерски начин“.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2020 17:14