Папата Франциск денеска ги охрабри граѓанските движења да ја заштитат животната средина, откако затворањето поради пандемијата на коронавирусот „уште еднаш ја покажа убавината на толку многу делови на светот ослободени од сообраќај и бучава“.

Говорејќи пред неколку стотици луѓе на плоштадот Свети Петар во Ватикан, Папата ги охрабри иницијативите за грижа за планетата што почнаа по пандемијата, како што е денешното чистење на бреговите на реката Тибар во Рим.

Заштитата на животната средина е карактеристика на работата на папата Франциск.

Минатата недела Ватикан издаде водич за примена на дописот до бискупите од 2015 година, со наслов „Бидете славени “, во кој ги обвинува богатите земји и корпоративните интереси за уништување на Земјата во трката за профит.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2020 17:23