Дубаи од 7 јули ќе дозволи влез на странците, додека странците со резиденцијални визи ќе можат да влезат од утре, соопштија денеска локалните власти.
Се наведува дека оние што влегуваат ќе треба да покажат сертификати кои докажуваат дека неодамна биле тестирани за коронавирусот или дека ќе бидат тестирани по пристигнувањето на аеродромите во Дубаи.
На граѓаните и на жителите ќе им биде дозволено да патуваат во странство од 23 јуни.