САД и Русија денеска треба да разговараат за контрола врз оружјето на состанок во Виена, осум месеци пред да истече клучниот договор за нуклеарно оружје.

Новиот договор СТАРТ, на сила една деценија, треба да истече во февруари следната година, во моментов е единствениот преостанат договор за нуклеарно оружје меѓу САД и Русија.

Со новиот договор се предвидува ограничување на бројот на лансирни рампи на 800 и нуклеарни боеви глави на 1550.

САД велат дека договори за контрола на оружјето со Русија се застарени и сакаат Кина да биде вклучена во какви било спогодби за нуклеарно оружје, иако Пекинг во повеќе наврати нагласи дека не е заинтересиран за придружување.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 10:53