Јужна Кореја го повика својот северен сосед да се откаже од планот за исфрлање пропагандни летоци на границата, откако Северна Кореја соопшти дека е подготвена да испрати 12 милиони летоци во најголемата ваква психолошка кампања против јужниот ривал.

Непријателствата на Корејскиот полуостров нагло се зголемија минатата недела кога Северна Кореја разнесе меѓукорејска канцеларија за врски на нејзината територија на границата со Јужна Кореја, од гнев што Јужна Кореја испраќа летоци против неа.

Северна Кореја најави дека ќе испрати летоци со пропаганда и ќе преземе други чекори за поништување на договорите од 2018 година, наменети за ублажување на воените тензии на границата.

Портпаролот на министерот за обединување на Јужна Кореја, Јох Сангки, им рече на новинарите дека Северот мора да ги прекине плановите за испраќање летоци против Сеул, кои, додаде тој, „воопшто не помагаат во меѓукорејските односи“.

Северна Кореја објави дека направила 12 милиони пропагандни летоци што ќе ги исфрли над Јужна Кореја користејќи 3.000 балони и на други начини.

„Нашиот план да испратиме летоци против нашиот непријател е ерупција на неисцрпниот бес на целата нација и целото општество. Се приближува времето за одмазда“, објави севернокорејската новинска агенција КЦНА.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 10:57