Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и поранешната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ со сопругот, беа на тенискиот турнир „Адрија тур“ во Задар, каде финалето беше откажано, откако беше потврдено дека тенисерот Григор Димитров е позитивен на новиот коронавирус.

Во Задар, Пленковиќ поздрави неколку тенисери, меѓу кои и Чилиќ и Ѓоковиќ, кои биле во директен контакт со заразениот Димитров, а како што пренесува порталот „Индекс“, хрватскиот премиер не бил на пропишаното растојание.

Димитров се дружеше со голем број луѓе во Задар, веројатно со стотици, можеби илјадници, вклучително и голем број на деца како дел од Денот на децата, јавија хрватски медиуми.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 12:50