Петстотини шеесет и шест лица добиле решенија за изолација, а 178 лица потпишале изјава за самоизолација во изминатото деноноќие, соопшти МВР.
Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што било констатирано дека две лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација .
-Од стапување на сила на уредбата за непочитување на решенијата за изолација и самоизолација од 12.06.2020 до денеска 22.06.2020 година во државен карантин на сопствен трошок спроведени се вкупно 13 лица меѓу кои и еден полициски службеник, а против лицата ќе бидат поднесени и кривични пријави по член 206 од Кривичниот законик на РСМ. Исто така по однос на мерката за неносење лична заштита на лице регистрирани се 707 прекршоци, се додава во соопштението.