Властите во Индонезија покренаа истрага поради евентуална кражба на лични податоци на 230.000 луѓе, кои се тестирале на новиот коронавирус.

Индонезискиот министер за информации и комуникации во Индонезија, Џони Плејт изјави дека Министерството го истражува случајот заедно со државната агенција за кибер безбедност.

Тој додаде дека сите лични податоци добини од државните агенции се чуваат на безбеден начин и оти е ист случај со податоците добиени преку апликацијата за мобилен телефон. Што се користи за следење на пациентите заболени со Ковид-19.

Минатата недела на интернет се појави реклама која нуди откривање на личните податоци на околу 230.000 пациенти, вклучително нивното име и презиме, националната припадност и адреса на живеење по цена од 300 долари. Поголемиот број на податоци се однесуваат на болниците во Џакарта, како и на поголемите индонезиски градови на Бали и во Западна Јава.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2020 14:58